Од регистрираните предмети во заштитениот дел, како што соопшти општина Охрид, 82 се однесуваат на урбана опрема, 16 се за времени објекти, осум за плажи, 80 за куќи, апартмани и сместувачки капацитети, а останатите предмети се за помали интервенции и градежни зафати на објекти.
Во наредниот период општинските надлежни служби најавија проверка и финално уредување на целокупниот регистар, по што ќе се пристапи кон поединечна ревизија за секој посебен предмет и ќе се носат одлуки за натамошно постапување.
-Со изготвување на Регистарот на нелагални градби, општина Охрид во рекордно време исполни дел од своите обврски, кои се произлезени од владината работна група, која постапува по препораките на УНЕСКО, а Регистарот за нелегални градби треба да се достави до Владата најдоцна до 1 септември, посочува општинската прес-служба.
Комитетот за културно наследство следната недела во Баку, Азејберџан ќе ја одржи 43. сесија на која се очекува да биде донесена одлука и да биде дадена препорака за идниот статус на светското природно и културно наследство на Охрид, врз основа на забелешките од мониторинг-мисијата на УНЕСКО, која беше направена во април 2017 година.