четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Реконструкција во училиштето ,,Димката Ангелов- Габерот’’ Кавадарци

Реконструкција во училиштето ,,Димката Ангелов- Габерот’’ Кавадарци

Во тек е реконструкција во училиштето ,,Димката Ангелов- Габерот’’ Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

– Реконструкцијата во О.О.У ,,Димката Ангелов- Габерот’’ во Кавадарци, опфаќа гребење на училишниот двор и поставување на целосно нов асфалт, нова електрична инсталација со вградени кабли и ново осветлување, како и целосна обнова и молерисување на sидовите. Реконструирани се плафоните кои се спуштени за 30 сантиметри, со што ќе се добие поголема енергетска ефикасност во просториите. Исто така извршена е замена на греењето во училиштето, заменети се старите радијатори со нови вентилоконвектори, фенкојлери, што ќе овозможат и греење и ладење во училиштето на најсовремен начин, соопштија од градоначалничкиот кабинет.

Од кабинетот на Јанчев додадоа дека низ училиштето е инсталиран и нов современ противпожарен алармен систем.