среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Реновирана и отворена црквата св. Димитрија во Кавадарци

Реновирана и отворена црквата св. Димитрија во Кавадарци

После 5 години од реновирањето на храмот св. Димитрија кој што е заштитник на Кавадарци, денес беше осветен овој храм. Црквата е изградена во 1830 година, по заслуга на Диме Велков кој потекнувал од богато трговско семејство од Кавадарци, успеал да добие ферман за изградба на оваа црква.

Црквата денес е реновирана по заслуга на архитектот Благој Здравев кој го изработи проектот.

Денес се освети комплетно реконструираниот храм св. Димитрија. Градоначалникот Митко Јанчев имаше чест да го запали првото кандило. Неговата сестра г-ѓа Јанинка Чупаркоска како управител на Кожувчанка, како еден од најголемите донатори, доби орден од МПЦ.