Во текот на ноември оваа година, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, на поширокото тетовско подрачје, вкупно откриле и соодветно санкционирале 1563 сообраќајни прекршоци.
Поради откриени различни видови прекршоци, а согласно Законот за безбедност на сообраќaјот на патиштата и Законот за возила, од сообраќај било исклучено 181 возило.
-Најмногу од исклучените возила ( 122 ) имале истечена регистрација до и над 30 дена, кај 45 утврдена е техничка неисправност, претежно на сопирачките и уредите за управување и кај 14 претовар. Во овој период, исто така, од сообраќај се исклучени и 364 возачи, од кои 195 кои управувале без возачка дозвола, 8 со несоодветна категорија, 14 со важечка забрана, 73 возачи-почетници и 74 „алкохолизирани“ возачи, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Минатомесечните сообраќајни прекршоци биле заокружени со 634 прекршочни и 577 мандатни плaтни налози, како и со 347 писмени опомени. Во ноември годинава, времено биле одземени 145 возачки и 117 сообраќајни дозволи, а тетовската „пајак-служба“ вкупно подигнала 336 непрописно, односно погрешно паркирани возила.