петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

СДСМ со договори за времени вработувања ќе го полни Водовод во Битола

Дали граѓаните на општина Битола се должни да ги плаќаат несреќните кадровски политики на СДСМ е прашањето кое ја интересира јавноста?
СДСМ со договори за времени вработувања ќе го полни Водовод во Битола

Полнењето на државната администрација и јавните претпријатија со партиски кадри со огласи за привремени вработување, преку агенциите за привремени вработувања не стивнува. На  интернет страницата на Бирото за јавни набавки е објавен оглас за услуга за привремени вработувања во вредност од 1 милион и 200.000 денари.

Ова е новиот начин на кој власта ги вдомува партиските кадри, со план по 6 месеци со трансформација на работен однос да им додели решение на неопределено време и така без огласи за работа да ја наполни администрацијата со партиски кадри.

Имено станува збор за јавна набавка на услуга од агенција за привремени вработувања, од страна на ЈКП Водовод од Битола кој е под директна надлежност на општина Битола. За оваа намена предвидени се 1.190.000.00 денари, од буџетот на ова претпријатие, кој пак го полнат битолчани редовно плаќајќи си ги своите сметки.

Дали граѓаните на општина Битола се должни да ги плаќаат несреќните кадровски политики на СДСМ е прашањето кое ја интересира јавноста?

Подобриот живот кој што го ветуваше предизборно градоначалничката Наташа Петровска, не е наменет за граѓаните, тие се тука да ја изгласаат и да го полнат буџетот на општината и јавните претпријатија. Наместо ревитализација на битолскиот водовод, ќе се финансираат партиски послушници.

Вакви и слични начини на вработување на партиски кадри ќе продолжат и во иднина. Мнозинството предводено од СДСМ во Советот на општина Битола недвоумејќи се ги изгласа и верификува мандатите на членовите на управни и надзорни одбори без да се објават нивните биографии и покрај тоа што апелираа советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ дека ова е скандал, сосема нетранспарентно и недемократски. Со оглед на тоа што и покрај барањата од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, во повеќе наврати да се објават биографиите на овие лица со цел да се утврди дали истите ги исполнуваат законски пропишаните услови, локалната власт остана глува и одбива тоа да го направи.

Начинот на избор на членовите на управни и надзорни одбори, на ваков сомнителен и нетраспарентен начин, недвосмислено води кон сомнителни постапки во иднина. Една од тие сомнителни постапки со исто така ќе се врши и преку агенцијата за привремени вработувања, и ќе се заобиколи потребата од соодветни компетенции на лицата кои што се вработуваат.

Советничката Елена Трајчевска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Битола јавно посочи на проблемите со персоналните решенија во надзорните органи на јавните претпријатија кои ги врши СДСМ во општина Битола.