Во с.Марена се врши асфалтирање на површина од 1700 метри квадратни. По истиот договор ќе се изврши и поплочување со површина од 1500 метри квадратни. Вкупната инвестиција во износ од 4 000 000 денари е од Општина Кавадарци, а изведувач на работите е фирмата Градба Промет, објави на Фејсбук Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци.