среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Се поставува нова урбана опрема во Младинскиот парк во Велес

Се поставува нова урбана опрема во Младинскиот парк во Велес

Во тек е монтирање нова урбана опрема, клупи за седење во Младинскиот парк во Велес, со што овој парк и понатаму ќе остане омилено место за одмор и релаксација на велешани. Средствата се обезбедени преку Центарот за развој на Вардарски плански регион, кофинансирање помеѓу Бирото за регионален развој и Општина Велес, информираат од Општина Велес.

-Младинскиот парк го доби својот нов лик.Тоа е место за секојдневен за одмор и релаксација на граѓаните,како за одржување на бројни манифестации и настани, и затоа направивме напори да го разубавиме, целат од Општина Велес.

Инаку во изминатите неколку месеци Општина Велес целосно ги реконструира патеките во Младинскиот парк.