вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Се поставуваат контејнери за селектирање отпад во Кавадарци

Се поставуваат контејнери за селектирање отпад во Кавадарци
edf

Јавното претпријатие „Комуналец” од Кавадарци започна со поставување контејнери за селектирање отпад кои се обезбедени во соработка со компанијата „Пакомак”.

Станува збор за 45 контејнери за селектирање стакло, пластика и хартија. Распоредени се на повеќе улици во градот, каде што има простор и технички можности.

– Апелираме до граѓаните да го селектираат отпадот, кој во понатамошна процедура ќе се рециклира и ќе донесе бенефит за општинатата и што е најважно, почиста животна средина, вели Јован Ристов, раководител на Секторот за комунална хигиена во „Комуналец”.