Се презакажува најавената дезинсекција против комарци од утре за наредните денови, поради најавите за дожд и ветер.
Центарот за јавно здравје од Охрид информира дека најавената дезинсекција од земја ќе се реализира во среда, четврток и петок во периодот од 20 до 6 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.
Со прскањето ќе бидат опфатени територии на општините Охрид, Дебрца, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.
Се апелира пчеларите и пчеларските задруги да преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.