недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Се санира штетата од невремето во Росоман

Се санира штетата од невремето во Росоман

Со средства од Општина Росоман се санира штетата која настана од вчерашното невреме во селата Трстеник и Дебриште во Росоман, информираат од Центарот за управување со кризи.

– РЦУК – Велес, известува дека согласно информациите добиени од rаководителот на Општнскиот штаб за Заштита и sпасување на oпштина Росоман од вчерашнот невреме кое го зафатен и дел од oпштина Росоман, поточно село Трстеник каде што од поројните дождови имаше поплавено неколку подрумски простории кои ги санираа самите граѓани. Исто така во во тој реон беше зафатено и село Дебриште, стои во соопштението од ЦУК.

Оттаму дополнуваат дека Дебреште се наоѓа во ридско планинскиот предел и во овој реон има поплавено неколку подрумски простории, а како последица на невремето делумно е оштетен пат кој се наоѓа на крајот од селото.

-На лице место биле екипи од ЕЛС Росоман која извршила увид на настанатите штети и од нив сме известени дека ќе бидат санирани со сили и средства од општина Росоман, дополнуваат од ЦУК. (МИА)