понеделник, 15. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Се скараа градоначалникот и претседателот на Совет во Велес: Коцевски побара јавно извинување од Коциќ

Се скараа градоначалникот и претседателот на Совет во Велес: Коцевски побара јавно извинување од Коциќ

На денешната прес конференција на градоначалникот Аце Коцевски на виделина испадна недоразбирањата и несогласувањата на релација градоначалник- претседател на Совет.

Тема на ваквите јавни препукувања беа мерните станици за загадување, кои требало да бидат поставени пред поголемите фабрики во градот и докажување во јавноста кој е поголем еколог и грижлив функционер за животната средина.

Подолг период во велешката јавност се зборуваше за недоразбирањата помеѓу градоначалникот, Аце Коцевски и претседателот на Совет на општина Велес, Ненад Коциќ. Денес ова беше и јавно потврдено.

Дали ваквите недоразбирање за на директна штета на граѓаните. Проектите и проблемите со кои се соочуваат граѓаните, се ставаат во втор план, пред меѓусебните препукувања во локалната власт?

Како што денес изјави Коцевски, тој се воздржал од поголеми коментари во јавноста, бидејќи сето тоа што излегло во медиумите на оваа тема било направено од претседателот на совет и кандидат за пратеник од СДСМ, Ненад Коциќ. Коцевски внимателно одбирајќи зборови на денешната прес конференција ја објасни целата ситуација околу начинот за поставување на мерните станици, а воедно и побара извинување од страна на медиумите кои ги објавиле тие вести без да биде побарана изјава и од другата страна, односно од него.

-Првата шпекулација е дека Уставниот суд донел ваква или таква одлука. Мојот одговор е селеден: Кога градоначалник на било која општина нема да потпише некоја одлука, односно решение и нема да го објави заклучокот за објавување во Службен весник, советот има право одново истата точка да ја стави на дневен ред. Кога Советот по втор пат ќе ја потврди таа точка, градоначалникот е должен да го стави во сила актот со негово објавување во службен гласник, но согласно одредбите законот за локална самоуправа, кој е системски и се носи со 2/3 множинство во Собранието, е должен актот да го обжали пред Уставен суд. Е сега, има правна празнина во Уставот на државата и во законот за локална самоуправа, иако законот императивно им наложува на градоначалниците да ги обжалат актите на Уставен суд, Уставниот суд по правило се прогласува за ненадлежен, затоа што Уставниот суд одлучува за акти кои имаат општо значење, а не за поединечни акти. Во случајот уште не знаеме кој е ставот на Уставен суд, истакна Коцевски.

Тој додаде дека информација која е објавена е парцијална затоа што се симната од веб страната на Уставен суд дека е ставена на дневен ред на одлучување на Уставен суд. Коцевски истакна дека актот од Уставен суд сеуште не е доставен и не се знае што пишува во тој акт.

-Околу суштинската рамка. Прво сите фирми во Велес кои подложат на Б интегрирана дозвола, водат комплексна постапка и прават елаборати, пред градоначалникот да им издаде Б интегрирана дозвола по сила на закон. Во таа дозвола е наведено која фирма што треба да прави за заштита на животната средина. Дали треба да вградува мерни инструменти или не треба, објасни Коцевски

Целата вест прочитајте ја на ВЕЛЕС ДЕНЕС