четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Серафимовска: Се врши партизација во општина Штип, се преполнува администрацијата

Серафимовска: Се врши партизација во општина Штип, се преполнува администрацијата

По втор пат оваа година, на дневен ред на Совет на Општина Штип се измените на  Планот за вработување за 2021 година. Градоначалникот на Општина Штип не само што расфрла народни пари за пијалоци, туку со оваа одлука планира да троши дополнителни 9.000.000 денари на годишно ниво, само за новите вработени во локалната самоуправа, вели Христина Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ Штип.

„Се врши партизација, се преполнува администрацијата и прашање е дали во општината секој има сопствено столче и компјутер.

Со овие политики на превработеност во администрацијата и трошење на 150.000 евра само за вработувања на 20 нови луѓе во 2021 година, докажува дека во сигурни раце се само блиски и партиски лица на градскиот татко.

Градоначалникот, очигледно брза да врбува сѐ поголема група на гласачи кои ќе му се доживотно благодарни за вработувањето.

Но, во таа трка со времето заборава една клучна работа – слоганот во сигурни раце се однесуваше на сите граѓани“ – порача таа.