вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Шест пазарни денови во Кавадарци

Шест пазарни денови во Кавадарци

Наместо три, шест пазарни денови ќе има во Кавадарци, информираа денеска од кавадаречкото јавно преторијатие „Комуналец”. Новото работно време на градскиот зелен пазар е во согласност со донесена од Совет на Општина Кавадарци за определување на работното време на пазарот, кој е во надлежност на Јавното претпријатие.

Почнувајќи од осми мај, пазарот ќе биде отворен секој ден од 6 до 16 часот, освен понеделник.

-Сево ова врз основа на одлуката за одредување на надоместок за користење на пазарниот простор и други погодности на јавниот пазар во Кавадарци со број 02-530/3, донесена од Управен одбор на ЈП „Комуналец” и дадената согласност  за одредување на надоместок за користење на пазарниот простор и други погодности на јавниот пазар во Кавадарци, со број 08-2175/57, донесена од Совет на Општина Кавадарци, соопштија од комуналното претпријатие.

Донесен е  и нов ценовник за користење на тезгите.