петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Штипската „Пастрмалијада“ продолжува вечерва со главниот настап на Тони Цетински

Штипската „Пастрмалијада“ продолжува вечерва со главниот настап на Тони Цетински

Со сечење на џиновската пастрамајлија синоќа почна 14.издание на штипска манифестацијата  „Пастрмалијада“. Штипјани, но и гостите од земјава уживаа во настапите на ДНК, хрватската пејачка Јелена Розга, оркестарот на маестралниот Џамбо Агушев, а за младите забавата продолжи со познати диџеи.

Оваа манифестација се одржува по две години пауза, за разлика од претходните години доминираа штандовите на винариите и пивниците, помал е бројот на штандови на ресторани, од причина што цела вечер се отворени и ја нудат пастрамајлијата во нивните објекти. На манифестацијата познатиот штипски гурмански бренд се продава по цена од 190 денари, додека во кафаните и ресторантите цената е повисока, но се нуди со нормалните количини на месо и страндраната големина на пастрамајлијата.

Манифестацијата продолжува и вечерва со настапите на Зоран Илиев, Куку Леле и Тони Цетински. (МИА)