Директорот на ЈП Комуналец Струмица, Зоран Ѓорѓиев ги злоупотребува вработените во претпријатието, односно истите наместо да бидат на своето работно место тој ги префрла на работа во својата приватна фирма во село Водоча. Имено, вработени од ЈП Комуналец плаќани од државата и граѓаните, работат за приватен профит кај директорот
-Класично злоупотребување и експлоатација на вработените во ЈП Комуналец Струмица.
Овие двајца вработени, Мустафов Муса и Демир Мехмедов, се вработени во ЈП Комуналец, а на видеото и сликите се наоѓаат на принудна работа каде што се експлоатирани во приватната фирма во с. Водоча на директорот на ЈП Комуналец, Зоран Ѓорѓиев. Вработени од ЈП Комуналец плаќани од државата и граѓаните, работат за приватен профит кај директорот.
Ќе поведе ли ред некој за ова експлоатирање и богатење на грб на граѓаните?
Ќе го разреши ли некој овој директор?, стои во објавата на Фејсбук страницата Скандал.