Во текот на изминатата вечер (08/09.08.2022) во периодот од 21:00 до 02:00 часот со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 30 возачи.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.