Тони Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил сподели видео од Стајковци каде никна дива депонија.
Тој на лице место разговараше со луѓе кои истураат шут и ѓубре потенцирајќи им дека тоа е приватен имот и дека не смее да фрлаат таму.
На видеото се слуша и како тие го убедуваат дека со усна дозвола од градоначалникот Борче Георѓиевски може да фрлаат ѓубре и да се формира дива депонија.