По повод 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер Тодор Александров денеска во организација на Основното училиште „Живко Чинго“ и Сојузот за училишен спорт, во охридското село Велгошти се одржува „Спортски ден“ за учениците од основните училишта од Охрид и Дебрца.
Како што беше истакнато на отворањето на манифестациајта, охридската локална самоуправа секогаш ќе биде подготвена да ги поддржи ваквите манифестации, кои значат правилен психо-физички и социјален развој на децата.
– Со спортската игра и натпреварувањето децата ќе имаат можност да научат како да не се возгордеат во победата, но и да не се разорачуваат во поразот. Спортот ќе ги научи дека постојаноста и посветеноста се најважни, а тие карактеристики ќе им помогнат така да се однесуваат и во сите други области од нивниот живот, рече советникот Наум Јамандиев.
Во рамки на „Спортскиот ден“ ќе се одржат натпреварувања во фудбал за ученици од шесто и седмо одделение, кошарка за ученици од осмо и девето одделение, шах за ученици од прво до девето одделение и пинг-понг за ученици од шесто до девето одделение.
Постигнатите резултати ќе бидат вреднувани во рамките на училишните спортски игри.