Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Ѓорче Петров Бојан Стојановски денеска заедно со комисијата за градежништво, инфраструктура и урбанизам беше во Општина Ѓорче Петров, во населбата Волково за, како што вели, да се види со граѓаните и да се поразговара со нив, да види кои се нивните проблеми и кои се нивните идеи и визии за новата програма на ВМРО-ДПМНЕ.
Стојановски потенцира дека откако Зоран Заев е премиер Општина Ѓорче Петров нема видено ниту една капитална инвестиција.