сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Сува трева и стрништа гореле на повеќе локации во кумановско

Сува трева и стрништа гореле на повеќе локации во кумановско

Сува трева и стрништа гореле на пет различни локации во поширокиот кумановски регион, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи. Кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие интервенирале на пет различни локации претежно на запалени сува трева и стрништа.

Вчера пожарникарите гаселе пожар во село Редица, кај Менкова колиба во липковско Никуштак, во месноста „Пироќански лозја”. Во ноќта горела трева и кај Спомен костурницата.

Кумановската противпожарна единица интервенирала и на опожарени стрништа помеѓу селата Опае и Слуплчне до еден часот по полноќ. Како што е наведено, екипата се уште е на терен.

Пожарникарите од Старо Нагоричане пак интервенирале на опожарена куќа во Руѓинце. (МИА)