Денеска (18.08.2022) во периодот од 10.00 до 15.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територија на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 33 возачи. Од нив, 22 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, шест возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.