Грѓаните ќе почекаат уште неколку неколку месеци, а можеби и години со започнување на изградбата на новите автопатишта Тетово- Гостивар- Кичево, потоа Струга- Ќафасан, како и автопатско решение Прилеп-Битола.
Владата местејќи го тендерот за надзор вреден вреден над 22,9 милиони евра, го пропаднаа проектот вреден од над 2 милијарди евра за изградба на 3-те автопатски делници.
Нема тендер за некоја капитална инвестиција криминалната власт на СДСМ и ДУИ да не го наместат и да украдат голем дел од парите на граѓаните.
Научени се само да крадат, никако нешто да изгрдат. Пропаѓаат пари од европски фондови, патиштата кои започнуваат да ги градат, не ги доградуваат. За ова сведочи автопатската делница Кичево – Охрид кои веќе 6 години тапкна во место и еден километар асфалт немаат поставено.
Реконструкцијата на автопатот Петровец- Каталаново од само 5 километри веќе пола година е нефункционален и се вози во една лента, а нема ниту тронка надеж дека во догледно време ќе биде завршен, токму заради пропаднат тендер, пари добиени преку европските фондови.
Ама за тоа експресно ги изградија патарините на автопатот Миладиновци-Штип.
Најголема штета заради криминалот на власта на Ковачевски трпат фирмите, бизнисите но и граѓаните, а Ковачевски мува не го лази.
За целиот грабеж и за секој криминал ќе има одговорност. За многу брзо тендер владата на Ковачевски ќе замине во историјата како најнеуспешна влада