петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

СВР Тетово со активности во рамки на кампањата „Лето без пожари 2022“

СВР Тетово со активности во рамки на кампањата „Лето без пожари 2022“

Полициски службеници на СВР Тетово-Отсек за превенција заедно со претставници од Јавното претпријатие „Национални шуми“ -Подружница Лешница Тетово, денеска на наплатната станица Желино им поделија на речиси 200 возачи флаери.

Како што истакнува портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски ова е дел од планираната активност во рамките на кампањата за заштита од пожари „Лето без пожари 2022“, која неодамна беше промовирана во Скопје.

-Во дистрибуираните флаери, изработени на македонски и албански јазик, граѓаните поблиску се информираат и се предупредуваат на опасностите од настанување на пожари, на најчестите причини за нивно избувнување, а во нив се наведени и законските импликации, но и последиците од огнените стихии и особено од оние од поголеми размери. Цел на кампањата во која се вклучени и неколку високообразовни институции од нашата земја, Противпожарниот сојуз, Шумска полиција, професори и студенти е навреме да се превенираат пожарите на отворен простор во летниот период и пред се шумските, кои неретко завршуваат со тешки последици по шумите и имотот и животот на луѓето, вели Јосифоски.