сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

СВР Тетово со апел да се внимава со грејните тела поради опасност од пожари

СВР Тетово со апел да се внимава со грејните тела поради опасност од пожари

Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до граѓаните во текот на веќе започната грејна сезона да бидат крајно внимателни, затоа што во спротивно, во голема мерка ќе се зголеми ризикот од настанување на пожари, пред сè, како резултат на човечко невнимание, неисправни и дотраени електрични инсталации во објектите или неисчистени оџаци.

На граѓаните, исто така, им се укажува, да не ги оставаат вклучени грејните тела кога на подолго време излегуваат од дома или од нивните деловни објекти, посебно греалки, клима уреди или печки на дрва.

– Доволна е само мала искра да пламне пожар со сериозни материјални и други последици, посебно во станбени згради, каде многу потешко можат да се локализираат пожарите. Затоа што, во голем број од станбените згради на подрачјето, особено во постари, недостига опрема за гаснење на пожар или е нефункционална постоечката, а и приодите до нив се отежнати, најчесто поради градежни или други пречки. На сопствениците на куќи и станарите во зградите им се советува најмалку два пати годишно да ги исчистат оџаците и да не ги преоптоваруваат инсталациите со истовремено вклучување на повеќе електрични апарат, се вели во апелот на СВР Тетово.

Од тетовската полиција потсетуваат дека предизвикувањето пожар претставува кривично дело „предизвикување општа опасност“ за кое согласно член 288 од Кривичниот законик предвидена е и затворска казна од шест месеци до пет години.