среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Таленти ја разубавуваат фасадата на штипскиот Дом на млади

Таленти ја разубавуваат фасадата на штипскиот Дом на млади

Штипскиот Дом на млади на најмалите ќе им овозможи да имаат летно кино. Директорот на Дом на млади-Штип, Горан Трајков вели дека во тек се градежни активности, а во функција ќе биде ставено во септември. Тој забележа дека во тек е и еден интересен проект, кој го реализираат младите таленти, а водени од талентираната Ана Ѓорѓева. На фасадата на Дом на млади се цртаат мурали, со акрилни бои и спрејови.

– Во врска со црната боја на фасадата граѓаните на град Штип мора да знаат дека е за да можат цртежите да дојдат до израз се црта на црната подлога, со цел да се има одраз и сјај, вели Трајков.

Тој додава дека во летниот камп за млади таленти учесниците се на возраст од 8 до 20 години, а со новата фасада смета дека токму овие млади таленти ќе создадат едно прекрасно дело.

Ѓорѓева вели дека идејата е младите уметници да покажат што се знаат, а со цел да ја разубават фасадата на Дом на млади.

– Направивме спој од доброто и лошото и го претставивме што треба да биде и она што не треба да биде. На самата врата пишува „Ние сме иднината“ и се влегува во една друга димензија, која ја претставува самиот Дом на млади, рече Ѓорѓева.

(Миа)