недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Тампониран патот од кавадаречко Бегниште до манастирот ,,Свети Атанасиј”

Тампониран патот од кавадаречко Бегниште до манастирот ,,Свети Атанасиј”

По иницијатива на Месната заедница на селото Бегниште, вчера беше извршено тампонирање на патот од селото до манастирот „Свети Атанасиј”, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– Истовремено, беа донесени и бехатон коцки за дворот на манастирот. Сето ова е овозможено благодарение на донациите од општествено одговорните компании во Кавадарци и тоа Слога промет, Градба промет, Интер промет дизајн и Ас-машини. Жителите на Бегниште изразија голема благодарност до ЈП Комуналец и градоначалникот Митко Јанчев, од нив пак беше донирана механизацијата за работа на терен, соопштија од градоначалничкиот кабинет.

Од кабинетот на Јанчев нагласија дека продолжуваат со активности во сите урбани и рурални средини во општината.