На иницијатива на градоначалникот Арбен Таравари, Општина Гостивар во соработка со Полициската станица и невладините организации денес ја спроведоа активноста “Ден без автомобили”, чија цел е подигање на свеста на граѓаните за намалување на загадувањето на воздухот во животната средина.
Во рамките на оваа активност од 12.00 до 15.00 бил прекинат сообраќајот во центарот на градот, додека градоначалникот и општинските службеници денес на работа отидоа пешки.
Во изјава за медиумите, градоначалникот Арбен Таравари рече дека целта на оваа активност е намалување на загадувањето на воздухот како една од главните цели за овој четиригодишен мандат.