Прилеп изминатите години беше препознатлив по многу работи, но највпечатливи беа широките и пространи плоштади со преубави фонтани, зеленило, урбана опрема и други пропратни содржини.
Плоштадите беа магнет за сите генерации Прилепчани (од возрасни до најмлади), преполни со живот, културни манифестации, детска смеа, љубов…
Оваа прекрасна глетка воодушевуваше и привлекуваше многу посетители во градот под Марковите кули и не случајно бевме прогласени за Општина со најголем напредок во туризмот.
Ова го истакнува поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески, кој објави видео кое е доказ колку градот е уништен поради негрижата на локалната власт.
Неговиот Фејсбук статус го прнесуваме во продолжение:
Но убаво викаат: “Тешко се прави, а многу лесно се расипува” или пак “Она што е направено, овие Власти не можат да го одржат!”
После неколку години резултатот е следен…
да почнеме со ред:
плоштадот “АЛЕКСАНДРИЈА”-претходно: со преубава фонтана и прв споменик на Александар Македонски, со прекрасно партерно уредување и модерно осветлување…
Сега: мрачен и неосветлен, најчесто со расипана и раштимана фонтана, бројни искршени плочки и неосветлен ѕид за културни настани, а во близина неисчистен и неосветлен параклис св.Никола-заштитник на градот…
АРТ ПЛОШТАД (плоштад на уметноста)- претходно: претставуваше плато за прошетка пред Домот на културата, потсетник на богатата култура и уметност што градот ја собрал низ вековите со споменици и фигури во бел мермер и испишани имиња на најголемите на “Патеката на славните”…
Сега: пропадната и хаварисана фонтана, руинирана “Патека на славните”, уништено “Шах-плато”, без фигури неосветлено и неисфарбано, подзаборавена и запупштена фонтана и катче -Тоше Проески, насекаде прегорени и уништени светилки…
ПЛОШТАД “МЕТОДИЈА А.ЧЕНТО” – претходно: нивелирано- партерно уреден и осветлен со огромен споменик на “Крал Марко”, вековен симбол на нашиот град…
Сега: преплавен со искршени и пропаднати плочки од возила кои непречено движат низ него, ископана дупка која зјае со месеци на него…
ПЛОШТАД “ГРАДСКИ ЧАСОВНИК” -претходно: уреден со ситна калдрма, урбана опрема и зеленило, спој на сегашното и минатото…
Сега: неисфарбани и незаштитени перголи и клупи, овенато зеленило, неосветлен часовник потпрен со кафански маси и столици, прегорени канделабри…
“ЦВЕТНИ ПАТЕКИ”(преубавите пешачки зони) – претходно: исполнети со мирисот на јапонските цреши, преубавите цвеќина во жардињери со зеленило и клупи, осветлени со фенерите во колонадата канделабри…
Сега: канделабрите искривени или воопшто ги нема, уништени и пропаднати бекатон плочки, пешачките патеките од многубројните возила претворени во хаотични паркинзи, расипани клупи и корпи за отпадоци, уништена урбана опрема, застаклени летни бавчи, најчесто расфрлано ѓубре како “декорација”…
ПЛОШТАД “КАРПАЛАК” – претходно:урбан потсетник на поновата историја, плоштад со убави фонтани, споменик, модерно и атрактивно осветлување на истиот и партерно уредување…
Сега: плоштадот претворен во паркинг… со руинирани фонтани, зеленило и клупи, прегорено и уништено осветлување на споменикот и околината…
Жална е сликата на фактичката реалност со плоштадите во Прилеп, а само пред неколку години гордост и магнет за туристи и одржување на локалната економија… посебно за функционирање и живот на дуќаните во чаршијата!
Изгледа само фотографиите ќе ни бидат потсетник на убавото минато…
П.С. Ако некој претходно направил убави работи ,ТИ направи повеќе, тоа треба да е мотото на секој еден, тоа е единственото мото за напредок и развој… само така и никако поинаку!!!!