Партиите во Тетово повторно ќе ги вклучат моторите за Советот на општината. Паралелно со ова почнаа и политичките калкулации кој ќе има мнозинство во градот. Бесар Дурмиши од Движење Беса бара што поскоро распишување на изборите.
-Најсоодветно време е да се одржат избори за функционирање на општината и што побрзо да се надмине ќор-сокакот за да почне општината да функционира, бидејќи знаеме дека некои ингеренции му припаѓаат на градоначалникот со нефункционирањето на Советот на општината, но не му припаѓаат надлежностите што ги има советот.
Блерим Османи од ДУИ вели дека неспособноста на градоначалникот Касами е причина да се оди на предвремени избори, вели Дурмиши.
-До 28 февруари требаше да ја достави завршната сметка до општинските советници, но не го стори тоа и иако со доцнење, се усвои на Советот на 7 април. За него гласаа советниците од ДУИ и дел од опозициските советници, мнозинството не гласаше за него и ова е многу несериозно. За нив политичките калкулации имаат предност пред интересите на граѓаните и ова го сметаме за несериозност, неспособност да се координираат работите и нѐ принудија да одиме на гласање, самиот градоначалник Касами без волјата на советниците, вели Блерим Османи од ДУИ.
Се очекува Алијанса за Албанците, на изборите да излезе сама.
-Овие избори ќе бидат доказ дека ДУИ целосно ја изгуби силата во Полог, тетовци уште еднаш ќе докажат дека кога ќе ја поддржат Алијанса за Албанците не се на страната на криминалот, не се на страната на злото. Јас мислам дека АА ќе ја искористат за да направат голема пресвртница во Тетово. Мислам дека се реконструиравме и нашите редови се подготвени!, рече Вјолца Бериша од АА.
Елмедина Абдулаху од листата „Подобро за Тетово“, вели дека на избори ќе излезат со истото темпо, нудејќи транспарентност за сите граѓани.
-Ние имаме коалиција со граѓанинот и тоа не треба да се повторува. Да, ќе излеземе бидејќи видовме дека имаме позитивно влијание врз функционирањето на Советот. Ние ќе поддржиме сѐ што е добро за општина Тетово, но неоткажувајќи се од главното – отчетноста и транспарентноста во општината, вели Абдулаху.
Сега се очекува одлуката на Владата за предвремени избори за Совет да помине во Собранието, кое пак треба да ги распише изборите.