петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Тошевски: Лагите на СДСМ за гасификација ја носат Битола во ќорсокак

Тошевски: Лагите на СДСМ за гасификација ја носат Битола во ќорсокак

После поништувањето на постапките за јавно приватно партнерство со цел доделување на договор за изградба на дистрибутивни мрежи по општините во 2017 година, СДСМ всушност го стопираше процесот на гасификација, обвинува Иванчо Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ Битола.

-После грешната проценка на СДСМ дека општините сами ќе градат дистрибутивни мрежи, две изгубени години и потрошени 70 илјади евра од страна на Петровска, Владата на Република Македонија во Февруари и Декемви 2019 повторно носи одлуки со кои дистрибутивните мрежи за природен гас во општините ќе ги гради концесионер по пат на јавно приватно партнерство. Во Јануару 2020 додека Петровска ни кажува дека дистрибутивната мрежа во Општина Битола ќе ја гради Јавно претпријатие Владата на Република Македонија ја усвојува тендерската спецификација за изградба на дистрибутивни мрежи каде Битола не е изземена. Кој лаже во целата оваа неусогласеност помеѓу локалната и централната власт? Дали лаже Владата или Петровска или ова е само скап политички маркетинг во пресрет на предвремените парламентарни избори платен од џебот на граѓаните, истакна тој.