вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Трагедија во Македонска Каменица, општината прогласува тридневна жалост

Трагедија во Македонска Каменица, општината прогласува тридневна жалост

Општина Македонска Каменица ги откажа сите концертни настани од манифестацијата „Каменичко Културно Лето 2022″, поради трагичниот настан што се случи денеска, кога во сообраќајна несреќа животот го загуби млад жител на оваа општина.

Веста ја соопшти градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, кој изрази сочувство до ожалостеното семејство, напоменувајќи дека поради трагичниот настан Општина Македонска Каменица воведува тридневна жалост.

-Почитувани сограѓани, дозволете во свое лично име и во име на Општина Македонска Каменица да изразам искрено и длабоко сочувство до семејството Стојковски кои денес загубија дете, брат, внуче. Денес целиот град сочувствува со нивната болка и загуба за прерано згаснатиот живот. Со оглед на огромната загуба за целиот град, ве известувам дека манифестацијата „Каменичко Културно Лето 2022″ која беше закажана за период од 26 до 28 август, се откажува во целост, и Општина Македонска Каменица прогласува тридневна жалост, рече Атанасовски.

Поради трагичниот настан свикана е вонредна Седница на Советот на Општината на која ќе биде потврдена Одлуката за тридневна жалост во Општина Македонска Каменица.