сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Тројца обвинети во Велес​ за непочитување на полицискиот час

Тројца обвинети во Велес​ за непочитување на полицискиот час

Обвинетите го прекршиле полицискиот час, односно не ја почитувале Одлуката на Владата со која се забранува движење на населението на територијата на државата во одредени временски периоди.

-Заради стореното кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Велес денеска до Основниот суд Велес поднесе предлози за издавање на казнени налози против тројцата обвинети и предложи да им се изречат парични казни во висина од по 40 дневни глоби, секоја глоба во износ од по 20 евра во денарска противвредност, информираат од Обвинителството.