петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Утре почнува Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес“ 2022

Утре почнува Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес“ 2022

Oд утре до 9 јули на сцената на отворено во амфитетарот во Младинскиот парк во Велес ќе се одржи 17. издание на ИФФ „ВЕЛЕС“ 2022 на кој учество ќе замат 20 ансамбли од седум земји:Србија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцеговина, Словачка, Турција и од земјава.

Томе Јаневски, претседател на организациониот одбор на денешната прес – конференција потенцира дека фестивалот годинава ја има една од најпривлечните програми во своето постоење.

Тој информира дека, како и досега, фестивалот ќе започне  утревечер во 19,20 часот со традиционално дефиле на учесниците по главните велешки улици. Дефилето ќе стартува кај училиштето „Васил Главинов“ и ќе се движи кон Трговскиот центар, по главната улица „Благој Ѓорев“ и кон Пошта и назад се’ до сцента на Младинскиот парк. На дефилето ќе се приклучат и децата од велешките градинки „Димче Мирчев“ и членовите на Балетското студио „Анабела“. Организаторот на отворањето најави и изненадување какво што досега, велат, немало во Велес.

Свеченото отворање на сцената во амфитетарот на Младинскиот парк е во 20,30 часот кога настап ќе имаат десет ансамбли, а ќе го отвори велешкото КУД „Коле Неделковски“.

-Искрено верувам дека со оваа програма ќе успееме да го привлечеме вниманието на граѓаните кои во летните вечери ќе можат да уживаат во ората и танците на фолклорните ансамбли и ги поканувам  велешани во голем број и годинава  да дојдат и да го проследат фестивалот, повика Јаневски.

Во името на Општина Велес, која го финансира фестивалот, градоначалникот Марко Колев потенцира дека фестивалот и традицијата се’ она по што светот не препознава и кое треба да го негуваме, затоа и тие се организатори на ваков Фолклорен фестивал.

Инаку, во изминатите години ИФФ „Велес“ беше на прво место – најпосетена културна манифестација во градот со години, со повеќе илјадна публика на отворено.  (МИА)