вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Велес ја негува македонската музика: Градоначалникот Колев ја објави програмата за „ПИТИЈАДА“

Велес ја негува македонската музика: Градоначалникот Колев ја објави програмата за „ПИТИЈАДА“

Сите патишта водат кон Велес! Фестивалот на велешка пита и вино „ПИТИЈАДА“ расте во препознатлив бренд во Македонија! Од година на година добива се поголема поддршка од граѓаните, нудејќи богата музичка програма. А оваа година, негувајќи ја македонската музика, „ПИТИЈАДА 2022“ за прв пат ќе понуди програма по вкус на сите генерации, објави градоначалникот на Велес, Марко Колев.

Петок, 7 октомври:

  1. Миле Кузмановски
  2. The hounds
  3. ДНК
  4. НОКАУТ

Сабота, 8 октомври:

  1. Дајте Музика
  2. Наум Петрески и Зуица Лазова
  3. Фолтин
  4. Каролина Гочева

Недела, 9 октомври:

  1. 5+бенд
  2. Сузана Спасовска + Академци
  3. ЉУБОЈНА + Brass Fantasy
  4. Лозано

Официјалната програма започнува секој ден во 18 часот, а следуваат и многу дополнителни содржини и изненадувања.

„Дојди во Велес! Велешката пита е највкусна кога се јаде во друштво“ – посочи градоначалникот.