сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Велешани остануваат дома, мала излезност во споредба со парламентарните и локалните избори во овој град

Велешани остануваат дома, мала излезност во споредба со парламентарните и локалните избори во овој град

До 13 часот во општина Велес излезеноста изнесува 14,65 отсто, односно на референдумско гласање излегле 6.758  гласачи  од вкупно 46.110 кои се запишани на единствениот избирачки список, информираат од Општинската изборна комисија во Велес.

И во оваа општина се бележи далеку помала излезност од онаа на предвремените парламентарни и локалните избори.

На превремените парламентарни избори кои се одржаа во декември 2016-та година, до 13 часот во Велес 35,68% го искористиле правото на глас.

30,72% од велешаните со право на глас, до 13 часот гласаа на локалните избори лани.