Советот на општина Кавадарци на вчерашната седница едногласно донесе одлука, кавадарчани кои имаат застарен долг за вода да можат да платат до 60 рати. Оваа поволност ќе може да се искористи доколку должниците потпишат договор најдоцна до крајот на февруари следната година.