четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Видео: Охриѓанец на оригинален начин од вода ја запроси девојката на Водици

Видео: Охриѓанец на оригинален начин од вода ја запроси девојката на Водици

Традицијата за Водици е исклучително силна во охридскиот крај. Овој празник за охриѓани е посебен, а дефинитивно за двајца млади ќе биде посебен за цел живот.

Марјан Лаброски, познат угостителски менаџер од Охрид, денеска на уникатен начин од езерските води ја побара раката на неговата сакана Катерина.

Нека им е вечна љубовта!

Извор: OhridNews