Вечерва се случи силно невреме во Охрид, а граѓаните посведочија град со големина на лешник во западот од државава, објави „4News.mk“.
Што се однесува до временската прогоза за време на викендов, во попладневните часови ќе има развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град.
Температурата во овие два дена ќе биде пониска за неколку степени.