Би лага и помина! Во оваа прилика како одговорна партија ќе се осврнеме на перфидната игра на градоначалникот Коцевски,кој повеќе од една година се обидуваше вешто да ги манипулира граѓаните на Велес околу состојбата, пуштањето, поправката и што ли уште не за градскиот пливачки базен за на крајот како меур од сапуница се распаднат неговите „шарени “ лаги и небулози, велат од ВМРО-ДПМНЕ Велес.
Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата
Г-дине Коцевски, ако имавте грам совест и одговорност немаше да ја правите онаа парада и пародија од пред повеќе од една година кога со своите подобни новинари на јавноста и ги презентиравте состојбата на базенот, немањето средства и тешката можност за негова санација. Потоа речиси цела година си игравте со довербата на граѓаните уверувајќи ги и за изградба и на нов покриен. Ветивте и не исполнивте односно манипулиравте и лажевте!
Под Ваша команда Советот носеше разни одлуки со наводна реконструкција за да на крајот се обидете вешто манипулирајќи да ја избегнете одговорноста за случајот градски пливачки базен. За да не Ве „боли“ глава го одбравте најлошото решение. Дрско и безобразно се одлучивте среде лето објектот да го издадете на тендер со месечна кирија, нешто што можевте да го направите и година дена претходно.
Во никој случај не сме против пуштањето на работата и новиот сопственик на градскиот базен ама начинот на кој тоа го сторивте кажува за Вас и Вашата тотална неспособност. Ја замајувавте јавноста покажувајќи фотографии за нефункционалноста и небезбедноста на базенот и сега оп наеднаш пу пу не важи. Безбеден ли е сега градскиот пливачки базен г-дине Коцевски?
Прочитани сте Коцевски! Јасно е се! Вашата работа во стилот ЌЕ веќе им е јасна на граѓаните. А тие наскоро ќе Ве „наградат“ за тоа. За затворениот базен во друга прилика бидејќи и со него барем засега ништо не сторивте. ОК на ВМРО ДПМНЕ најостро ги осудува манипулациите од овој вид, а јас на крајот ќе додадам онака како што почнав: би лага и помина Коцевски!
Благодарам!