Секој оној којшто тргнал против народот и неговата слобода не завршил како победник, па нема ни сега. Почитувани жители на Радовиш, почитувани жители на сите населени места, уште една огромна благодарност за довербата која ни ја дадовте и што уште посилно продолжувате да ни ја давате, изјави денеска за медиумите, Моника Ристевска, советник во Советот на Општина Радовиш.
Таа истакна дека имаат визија за подобар Радовиш, ќе работиме обединето и заеднички и дека идниот градоначалник Ацо Ристов ќе ја има нивната поддршка, ќе ја има довербата од мнозинството на Советот на Oпштина Радовиш, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ сега ја има најмоќната коалиција која била направена во историјата, а тоа е коалицијата со народот.
– Обезбедивме мнозинство без притисоци, без уцени, без поделба на функции, мнозинство на Советот кое ќе работи во интерес на граѓаните. Уште еднаш ја бараме вашата поддршка, ја бараме вашата доверба за победата да биде уште посилна и помоќна, бидејќи народот го заслужува најдоброто, народот заслужува подобра иднина, додаде таа.