Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево на својот Фејсбук профил сподели статус во кои пишува дека и по шест години откако е променета локалната власт кичевчани живеат со чувство дека локалните власти не се грижат подеднакво за сите граѓани на општината.
-И по 6 години од промената на локалната власт во Кичево, кичевчани живеат со чувство дека локалните власти не се грижат подеднакво за сите граѓани на општината. Локалната власт на ДУИ поддржана од нивниот коалиционен партнер СДСМ упорно и намерно ги запоставува селата и населените места каде живее или е доминантно македонското население.
ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Кичево најостро се спротивставува на селективното работење на локалната власт, при што како пример ги посочуваме катастрофалните локални патишта кон селата Мијокази, Орланци, Светорача, Рабетино, Козичино, Патеец и Крушица каде навистина е срамно и жално во 21 век жителите на овие населени места да се движат по ископани и стари патишта, додека секогаш општината средствата ги насочува кон населените места од северниот дел на градот Кичево.
Кичевчани не ја заслужуваат оваа ненародна власт. Затоа, со промените кои набрзо ќе следуваат, ВМРО-ДПМНЕ ќе го обнови Кичево, ќе ја обнови Македонија. Општина Кичево повторно ќе биде достоинствено место за живеење на сите граѓани!, стои во нивниот пост на Фејсбук.