четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе советнички места од СДСМ и во Битола

ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе советнички места од СДСМ и во Битола

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на вчерашните локални избори освои повеќе советнички места и во советот на општина Битола.

Имено, ВМРО-ДПМНЕ освои 13 мандати, СДСМ 11, Габриела Илиевска 3, Левица 2, ЛДП/ДОМ и ДУИ по еден мандат.

Во Битола ќе има и втор круг за избор на нов градоначалник каде што во моментов, во првиот круг води со повеќе од 1.600 гласови води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Коњановски.