ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на вчерашните локални избори освои повеќе советнички места од СДСМ.
Имено, ВМРО-ДПМНЕ во новиот совет на општина Охрид ќе ја застапуваат 10 советници, СДСМ 8, ДУИ 2, Левица 1, ГИ Невена Георгиевска 1 и ГИ Димитар Велјановски 1.
Во Охрид ќе има втор круг за избор на градоначалник. Во вториот круг кандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков влегува со предност од над 1.900 гласови наспроти кандидатот на СДСМ Константин Георгиевски.