понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Градоначалникот Јованоски успеа да ги клекне на колена спортските клубови и ги запре сите капитални проекти

Од таму велат дека градоначалникот вети и дека ќе овозможи учество на граѓаните во процесите на донесување на одлуки и креирање политики на локално ниво, а наместо тоа успеал за себе да направи ситен политички маркетинг со објавата дека ги вклучил граѓаните од Прилеп во донесувањето на буџетот на локалната самоуправа за 2018 год.
ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Градоначалникот Јованоски успеа да ги клекне на колена спортските клубови и ги запре сите капитални проекти

Градоначалникот Јованоски успеа во само два месеци од почетокот на својот мандат да ги запре сите капитални проекти започнати или предвидени за 2017 година за опшстина Прилеп, успеа да ги клекне на колена спортските клубови од градот и да го уништи спортот, успеа да ја партизира локалната самоуправа а не успеа да донесе живот за сите како што ветуваше во предизборниот период, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Од таму велат дека градоначалникот вети и дека ќе овозможи учество на граѓаните во процесите на донесување на одлуки и креирање политики на локално ниво, а наместо тоа успеал за себе да направи ситен политички маркетинг со објавата дека ги вклучил граѓаните од Прилеп во донесувањето на буџетот на локалната самоуправа за 2018 год.

-Градоначалнику Јованоски, овој ваш обид да ги искористите граѓаните на Прилеп и да глумите транспарентност и отвореност во литературата за активно граѓанско учество се вика манипулација и декор. Да ви појасниме, тоа е ситуација во која граѓаните ги вклучувате само симболично за своите потреби, а не ги консултирате и не решавате реални проблеми. Вие на седницата на вашиот граѓански парламент кои сами си го составивте од за вас подобни лица, на присутните им сервиравте готов буџет на кој граѓаните немаа можност да дадат забелешки а камоли нешто да додадат или изменат.  Доколку вашите намери беа искрени вие ќе спроведевте процес во кој ќе ги консултиравте урбаните заедници, ќе изработевте анкетен прашалник, ќе организиравте јавни собири и фокус групи преку кои вистински ќе ги откриете приоритетите и потребите на граѓаните бидејќи семеен буџет не се креира во еден ден а камоли буџет на општина  Прилеп. Ве повикуваме, да си ги прочитате и да се потетите кои ветувања ги дадовте во предизборието и да побрзате да ги остварите во интерес на граѓаните.  Да ве потсетивме дека на граѓаните од населбите Три Багреми и Мексико јавно им ветивте дека до 31 декември 2017 година ќе добијат вода и струја.  Рековте дека ќе го вратите епитетот Прилеп најспортски град. Ве повикуваме да не ја жртвувате ФК Победа и спортот во Прилеп! Ветивте многу, а не остваривте ништо и затоа ние заедно со граѓаните редовно ќе ве потсетуваме, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Му порачуваат дека Прилеп се сака со дела,  не со лажни и нереални ветувања.