понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ во Штип спречи криминална зделка на локалната власт, патот до модуларната болница доби нов асфалтен слој (ВИДЕО)

ВМРО-ДПМНЕ во Штип спречи криминална зделка на локалната власт, патот до модуларната болница доби нов асфалтен слој (ВИДЕО)

Пред само две недели пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, Иван Јорданов обелодени скандал во Штип.

-Имено, асфалтниот слој што беше поставен на пристапниот пат кој што води до модуларната болница во Штип се ронеше и при самиот допир.

По обелоденување на овој скандал власта мораше да го отстрани неквалитетниот асфалтен слој и да го подготви патот за нов слој.

Се спречи уште една криминална зделка која што беше договорена помеѓу директорот на болницата и изведувачот. Самиот овој скандал само уште еднаш докажа како во Штип се делат тендери и се прават криминални зделки.