четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Во Аеродром e дозволено да вирее само бетон – дрво исечено кај градинката Срничка во општината (ФОТО)

Во Аеродром e дозволено да вирее само бетон – дрво исечено кај градинката Срничка во општината (ФОТО)

Ново исечено дрво, овој пат во општина Аеродром, ги изреволтира скопјани.

„Ова дрво до вчера беше здраво, а денес е искасапено. Дрвото се наоѓа кај градинката Срничка во Општина Аеродром. Кој си дозволува вакво уништување дрвја?“ – се вели во објава на Фејсбук каде повикаа на одговорност од надлежните институции.

„Во Општина Аеродром e дозволено да вирее само бетон. Кој сака може да дојде и да си пресече дрво зашто дрвјата не се урбани“, реагираат скопјани на социјалните мрежи.