Тетовските полицајци во август санкционирале 1694 неисправности во сообраќајот, што претставува зголемување во однос на минатата година, кога имало 734 помалку прекршоци.
Во дваесетината редовни и вонредни контроли од сообраќај билo исклученo 51 возило.
-Без малку половина од исклучените возила (25) имале истечена регистрација над 30 дена, додека кај 26 возила била утврдена техничка неисправност. Во август, исто така, од сообраќај биле исклучени и 212 возачи, од кои 129 управувале возила без возачка дозвола, 32 под дејство на алкохол, 37 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања, 9 со несоодветна категорија и 5 со важечка забрана за управување, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Во овој месечен период времено биле одземени 17 возила, од кои 10 за истечена регистрација повеќе од шест месеци, а седум за бучавост, 41 возачка дозвола и 48 сообраќајни дозволи.
Тетовската „пајак-службата“ вкупно подигнала 84 непрописно паркирани возила, најмногу во централното градско подрачје, пред се во зона на крстосници, на пешачки премини и на други недозволени места, кои непосредно го оневозможувале непреченото и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот.