среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Општини

Во Битола отворена мултисензорна изложба „Музеј за сите“

Во Битола отворена мултисензорна изложба „Музеј за сите“

Во НУ Завод и Музеј-Битола отворена е мултисензорна изложба „Музеј за сите – сликите можат да се допрат, сликите зборуваат“.

Изложбата содржи 16 тактилни панели, тактилното пано е составено од тактилна слика за музејски експонат од НУ Завод и Музеј Битола, проследно со опис на Брајово писмо.

Описот клучен елемент за разбирање на тактилната слика од страна на слепите лица и голем проблем претставува непознавањето на Брајово писмо. Досега опфатени се повеќе од 100 предмети од музејската поставка, кои со соодветен опис и квалитетни фотографии, се поставени на веб страната на музејот. На овој начин, овие предмети се прават достапни за сите „онлајн“ посетители ширум светот, а во исто време преку употреба на QR кодови во музејската поставка, се збогатува приказната за секој музејски предмет. Нов момент во изложбата која е поставена во е употребата на NFC тагови, кои во комбинација со паметен телефон, им овозможуваат и на лицата кои не знаат да читаат Брајово писмо, да можат самостојно да ја посетат изложбата, истакна д-р Ирена Ружин, раковидтел на проектот.

Проектот е поддржан од Министерство за култура, а изработката на тактилни слики ја изврши авторот на проектот, м-р Јове Парговски, вработен во НУ Завод и Музеј-Битола. (МИА)