понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во Битола синоќа се одржа протест против Ковид мерките

Во Битола синоќа се одржа протест против Ковид мерките

Синоќа на плоштадот „Магнолија“ во Битола се одржа протест против Ковид мерките и како што велат присилната вакцинација.

На протестот беше речено дека тие не се антиваксери, дека сите тие во минатот како и останатите ги примале сите вакцини за имунизација, но дека сега очекуваат многу повеќе информации за оваа вакцинација која како што велат се наметнува со разно-разни мерки и заплашувања.

-Доста беше одржување некаков си “мир” со духот на млакоста, доста беше рамнодушност која му е во целосен прилог на тие кои сакаат да ги остварат своите задни планови и цели во кој народот се сомнева и има право да ја знае вистината, рекоа на протестот.

Велат дека доста е од забрани и поделби, услови и претење со цел наметнување на прислна вакцинација. По собирот на „Магнолија“ продолжија со протестен марш низ Широк Сокак.

Летото беа одржани неколку протести во Битола, а на еден од нив се вареше и пиеше кафе на плоштадот, во знак на протест заради тогаш донесените ограничувања за влез во угостителските објекти.