недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во Дебар за гласање се пријавиле 27 болни и изнемоштени лица

Во Дебар за гласање се пријавиле 27 болни и изнемоштени лица

Во општина Дебар, за да гласаат на престојниот референдум се пријавиле 27 болни и изнемоштени лица , кои правото на глас ќе го остварат в сабота.

– Ние како комисија ги превзедовме сите потребни активности околу нормалното спроведување на гласањето на подрачјето на целата општина. Формирани се избирачките одбори и за нив во следните два дена ќе биде спроведена потребата обука, изјави Али Реџа секретар на Општинската изборна комисја,која просторно е сместена во објектот на локлната самоуправа.

Во оваа општина ќе се гласа на 27 избирачки места.

Што се однесува до општина Центар Жупа, според Еран Зубер, претседател на ОИК, не се пријавило ниту едно болно и изнемоштено лице за да гласа. Во недела во оваа општина ќе се гласа на 16 избирачки места.

На последните избори во двете општини гласале 42 болни и изнемоштени лица, од нив 38 во општина Дебар и четири во општина Центар Жупа.

МИА